Андреа Пирло ќе го предвои Јувентус барем во дуелот со Џенова овој викенд откако победата над Наполи му донесе мирни неколку дена. Интер е далеку и нереално е да очекуваме да го стигнеме, коментираше Пирло кој демантираше дека размислувал дека може да добие отказ.

„Често не бевме доволно добри против тимовите од долниот дел од табелата. Научивме дека тоа не смееме да си го дозволуваме повеќе. Уште пред да ја прифатам работата знаев дека притисокот, но не бев неподготвен. Имавме многу Ковид-19 случаи во тимот и тоа никако не ни беше од помош. Ни недостигаше играч како што е Дибала подолго време.“ – изјави Пирло.

Тој посочи дека не знае дали и во следната сезона ќе го има Дибала во тимот а со тоа најави и дека нема намера да поднесе оставка.

„И јас правев грешки и некои и ќе ги повторам во иднина, ова е мојата прва сезона, и мора да го користиме искуството за следната. Ова беше комплицирана кампања не само за мене туку и за сите останати тренери. Сите грешат, па и јас, но важно е учам од тоа. Нашата сегашна цел е пласман во топ 4 од табелата затоа што невозможно е да се гледа кон врвот. “ – објасни Пирло.

Standings provided by SofaScore LiveScore