Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло уште еднаш потенцираше дека нема намера да даде отказ, откако неговиот тим загуби од Милан на домашен терен и ја загуби позицијата на табелата која води во Лигата на шампионите.

„Тешко е да се објасни зошто изгубивме. Кога ќе загубите со 3:0 ваков важен натпревар, тоа значи дека нешто не функционира како што треба, ќе морам да поразговарам со играчите и да ги смирам. Нема да се откажам, оваа работа ја прифатив со голем ентузијазам, заејќи ги сите потешкотии со кои ќе се соочииме. Имаме уште три натпревари до крајот, ќе ја работам мојата работа додека ми е дозволено.“ – изјави Пирло.

Тој посочи дека целокупниот проект изгледа многу поразлично во неговата глава и најверојатно ќе мора да се адаптира со оглед на актуелната ситуација во Јувентус.