Андреа Пирло беше гостин во живо кај Николо Де Девитис, новинар од Италија, разговараа во живо на Инстаграм.

Неодминлива тема беше Сандро Тонали, играчот на Бреша за кого велат дека е новиот „Пирло“.

Вистинскиот Пирло се шегуваше за оваа споредба но даде  и стручна анализа за иднината на Тонали.

„Имаме слична коса, како фудбалер не игра со ист стил како мојот, тој е многу покомплетен играч од мене, игра добро во одбраната и на средината, има голем капацитет и ќе биде голем играч, неговиот успех е загарантиран“ – рече во разгворот Андреа Пирло.