Без многу време за одмор, ракометарите на Вардар по вчерашната пресметка со Порто во Лигата на шампионите се насочуваат кон дуелот со Нексе од СЕХА лигата.

Натпреварот е закажан за утревечер од 20:45 во „Јане Сандански“ а од таборот на црвено-црните најавуваат дека не смеат да го потценат противникот.

„За нас победата е приоритет но по пресметката со Порто сакам да има дадам шанса на што повеќе ракометари затоа што на вакви дуели сите можат да играат. Ќе видиме како ќе течат работите на теренот но сакам да одморам дел од играчите затоа имаме набиен распоред.“ – изјави Давид Писонеро.

Левото крило на Вардар, Тимур Дибиров вели дека и покрај тоа што Нексе има два порази на старотот од сезоната во СЕХА може да направи проблем ако биде потценет.

„Нексе е незгоден тим, загубија нелколку важни играчи но мора да внимаваме. Вардар е фаворит ќе мора да се носи со тоа, но сигурно нема да биде лесно. Нексе доаѓа мотивиран во Скопје.“ – изјави Тимур Дибиров.