Миралем Пјаниќ преку Инстаграм се огласи непосредно откако беше објавено дека Роналд Куман не е повеќе тренер на Барселона. Објави само една реченица.

„Треба да знаеш кога да ги пуштиш гом*ата да одат“– пишува во објавеното стори со златни букви, но не е тешко да се претпостави дека пораката е кон Куман, со кого Пјаниќ беше во лоши односи, но можеби и кон управата на Барселона, која не го избрка претходно.

Да потсетиме, откако не успеа да се наметне во Барселона и да го оправда трансферот вреден 60 милиони евра, Миралем Пјаниќ сезонава е пратен на позајмица во Бешикташ.

Тој веќе кажа дека немал никаков однос со Куман, дека воопшто не ни разговарале, а тоа ја убивало неговата самодоверба.