Фудбалерот Миралем Пјаниќ е исфрлен од репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

Селекторот Ивајло Петев се одлучи на овој потег поради недисциплина на играчот на средниот ред, а потоа се огласи и Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина.

Од таму велат дека не треба да се заборави фактот дека Босанецот имал одлични партии во дресот на репрезентацијата, но и дека треба да се сфати дека му е потребно време да се опорави психички после се што му се случуваше последнава година.

Пјаниќ за репрезентацијата на Босна и Херцеговина има одиграно 103 натпревари и постигна 15 голови.