Миралем Пјаниќ од денеска е нов фудбалер на Барселона и по четири години минати во Јувентус го напушта Торино.

Босанскиот репрезентативец преку емотивно писмо се опрости од „Старата дама“ и нејзините навивачи.

„ Имаше порази, но и големи победи и рекорди. Ова беа извонредни четири години. Во нив созреав како човек. Мислам дека никогаш нема да можам доволно да ви се заблагодарам. Благодарам на фамилијата Ањели“- напиша Пјаниќ.

Босанецот во Јувентус дојде од редовите на Рома, а претходно го носеше дресот на Лион. Во Барселона доаѓа како замена за Артур, кој се сели во Јувентус.