Аргентинскиот фудбалски клуб Бока Јуниорс, е на чекор да донесе уште еден европски играч во името на Французинот Пјер Андре-Жињак.
Бока бара замена за својата прва напаѓачка ѕвезда Дарио Бенедето, па спортскиот директор на клубот Николас Бурдисо веќе стапил во контакт со Жињак, кој моментно е член на мексикански Тигрес каде две години е најдобар стрелец во Мексико.
Според информациите Бока ќе го продаде Бенедето на Олимпик Марсеј за сума од околу 16 милиони евра и потоа ќе го донесе Французинот.
Проблем е што Жињак пред шест месеци го продолжи договорот со Тигрес до 2021 година, но во Бока се надеваат дека за разумен трансфер може лесно да го добијат овој напаѓач.
Comments are closed for this post.