Се навикнавме веќе на превисоки суми кои клубовите ги даваат за трансфер на фудбалерите, додека тоа поретко кога се во прашање тренерите. Тоа секако, не значи дека нема и такви ситуации.

Клубовите многу поретко одлучуваат за тренер да дадат голема отштета затоа што постои можност и покрај обостраната желба, ако не тргне како што треба да дојде до разделба.

Доколку за трнер е платена отштета, клубовите се подготвени да го трпам многу повеќе и на своја штета.

Но, сепак ги има оние кои за шеф на стручниот штаб плаќаат убави високи суми, како би покажале дека имаат голема доверба во нив.

Последниот пример доаѓа од Германија, каде Баерн ќе плати 25 милиони евра за на клупата да го има 33 годишниот Јулијан Нагелсман. Иако рекорден ова не е единствен случај клубовите убаво да платат за тренер.

Понекогаш тоа имало ефект, но понекогаш не, а во продолжените ќе може да видите за кои тренери клубовите плаќале посолени суми.

Питер Бош (Ајакс- Борусија Дортмунд, 2017, 5 милиони евра)

Бош во Борусија пристигна во јуни 2017-та година пристигна како тренер од кого се очекуваше после финалето на Лигата на Европа со младите играчи на Ајакс, да направи чекор напред со Дортмунд. Сепак беше избркан само шест месеци подоцна, во декември, откако Дортмунд во групната фаза од Лигата на шампионите не забележа ниту една победа.

Маурицио Сари (Челзи- Јувентус, 2019, 5.55 милиони евра)

Сари го одведе Челзи до титула во Лигата на Европа, а во тој момент Јувентус се наоѓаше во криза и нема опција на видик, додека Сари сакаше да замине од Лондон поради лошиот однос со управата на клубот, па беше постигнат договор Јуве да го купи.

Не успеа во крајната цел, да го одведе Јуве до титулата шампион на Италија, но освои Скудето, Куп на Италија и Суперкуп на Италија, па може да се каже дека имаше успешна една сезона, по која беше отпуштен.

Роналд Куман (Саутемптон- Евертон, 2015, 6 милиони евра)

Саутемптон под водство на Куман играше одлично, беа една од најгледаните и најсаканите екипи во Премиер лигата, што ги натера Евертон да платат шест милиони евра за да го донесат на Гудисон Парк. Првата сезона беше одлична, но тука се застана. Иако имаше најголем буџет во историјата на тимот, не успеа да ги оправда очекувањата. За жал на навивачите на тимот од Ливерпу, неговиот мандат заврши во октомври 2017-та година.

Брендан Роџерс (Свонси- Ливерпул, 2012, 6.2 милиони евра)

Роџерс на Енфилд пристигна откако со Свонси беше хит во Премиер лигата, а Ливерпул очајно бараше некој што ќе може на клубот да му помогне да го направи чекорот кон титулата, што дури и се случи, но титулата беше изгубена со онаа грешка на Стивен Џерард. Сепак, Роџерс за кратко време стана еден од најмалку почитуваните тренери во Премиер лигата, навивачите му се потсмејуваа, а својот мандат на Енфилд го заврши во 2015-та со скор 83 победи, 41 реми и огромни за Ливерпул 42 порази.

Марк Хјуз (Блекбурн Роверс- Манчестер Сити, 2008, 6.2 милиони евра)

Чудата на клупата на Блекбурн го однесоа Марк Хјуз во Манчестер Сити и неговото доаѓање со поклопи со наглото растење на квалитетот на Грашаните, во најголема мера благодарејќи на парите кои малку по малку доаѓаа во касата на клубот.

Иако не успеа во намерата да ја освои титулата, Хјуз на Сити му даде некое ново, поголемо ниво, во однос на тоа претходно, па секако остана во убаво сеќавање кај фановите на клубот, иако клубот го напушти во декември 2009 година, по една и пола година на клупата. Тоа веројатно не беше она што се очекуваше, затоа што до тој момент за него беше потрошена рекордна сума.

Ади Хител (Ајнтрахт Франкфурт- Борусија Менхенгладбах, 2021, 7.5 милиони евра)

Одличните резултати му донесоа на Хитер прилика кариерата да ја продолжи во Менхенгладбах, а Борусија покажа деак доволно верува во неговиот квалитет исплаќајќи на Ајнтрахт 7.5 милиони евра. Хитер доаѓа на клупата по крајот на сезонава.

Жозе Мурињо (Интер- Реал Мадрид, 2010, 10 милиони евра)

Освоената титула во Лигата на шампионите со Порто, неверојатните резултати со Челзи, а потоа уште еден трофеј во европската елита со Интер, во 2010 година го однесоа во Реал Мадрид. Интер на своето конто тогаш доби 8 милиони евра за разделбата. Со Реал Мадрид освои титула во Примера и постави темели за новото време на кралскиот клуб, откако експериментот со Галактикос на еден начин пропадна. Заминувањето од Реал Мадрид значеше пад во кариерата на славниот Португалец, затоа што од момент со отказ ги завршуваше своите авантури во Манчестер Јунајтед, Челзи и Тотенхем. Сепак, Мурињо на клупата на Реал потврди дека е еден од најдобрите тренери во историјата.

Рубен Аморим (Брага- Спортинг, 2020, 10 милиони евра)

Помалку необично, четвртиот најскап тренерски трансфер е дело на португалски клуб, затоа што за Аморим Спортинг на Брага и плати 10 милиони евра во обид да се вратат на старите успешни стази.

Засега вложеното се исплати, Спортинг е блиску до титулата.

Брендан Роџерс (Селтик- Лестер, 2019, 10.44 милиони евра)

Иако од Ливерпул замина неславно, а меѓу навивачите и многу други како што веќе напишавме предизвикуваше потсмев, Роџерс не очајуваше туку го презема Селтик. Откако го препороди тимот од Глазгов, во 2019-та година пристигна повикот од поранешниот шампион во Премиер лигата.

Лестер не беше меѓу фаворитите за сериозен пласман, но Роџерс фати ритам, направи одличен тим, па лисиците се на одличен пат повторно да се пласираат во Лигата на шампионите.

Андре Виљаш Боаш (Порто- Челзи, 2011, 15 милиони евра)

Челзи се обиде со Боаш да го направи истото што и со Мурињо, но на крајот излезе вистинско фијаско. На Стемфорд Бриџ пристигна во јуни 2011 година, но веќе на почетокот на февруари наредната година беше јасно дека нешто не штима. Лошата атмосфера во соблекуваллната, катастрофалната игра, се едноставно се надоврза едно на друго, па во март 2012 година беше отпуштен, а неполна година откако потпиша договор со сините.

Јулијан Нагелсман (Лајпциг- Баерн Минхен, 2021, 25 милиони евра)

Како што е веќе познато нов рекордер е Јулијан Нагелсман, кој по одличните резултати во Хофенхајм и Лајпциг, по крајот на оваа сезона седнува на клупата на Баерн Минхен, а Лајпциг за разделбата ќе добие огромни 25 милиони евра за тренер.