Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини за „Ил Кориере дело Спорт“, даде негативно мислење за ВАР технологијата и влијанието која го има истата во денешниот фудбал.

„Уште од првиот ден кажав дека сум против ВАР. Се спротиставув на оваа иновација, бидејќи фудбалот е спорт со контакти. Фудбалот не може да се арбитрира преку видео. Тоа е спорт кој е динамичен и се губи убавината на оваа игра. Телевизијата ја нарушува целата перцепција во дуелите меѓу фудбалерите“ – изјави Платини.

„ВАР“ системот сезонава се употребува во скоро сите топ лиги во Европа, а досегашните резултати се разочарувачки и ваквата технологија наиде на многу критики во фудбалскиот свет.