Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини денес е пуштен од притвор, во кој мина околу 15 часа.

Платни вчера беше приведен како дел од истрагата за сомнителните околности под кои Катар ја доби организацијата на Светското првенство во 2022.

„Кога пристигнав, веднаш бев притворен. Ова ме боли, за сè што имам сторено, навистина боли“, изјави Платини.

Најголемото внимание на истрагата била околу Мундијалот во Катар, ни и средбата меѓу во 2010 година Платини, тогашниот француски претседател Николас Саркози и емирот од Катар.

„Распитот беше прилично долг, но со оглед на тоа колку многу прашање имаа, очигледно беше дека ќе трае со часови. Имаа прашања за ЕВРО 2016 за Светското првенство во Русија, за Мундијалот во Катар, но и за ПСЖ и ЗА ФИФА“, им опиша Платини за новинарите

Адвокатот на поранешниот прв човек на УЕФА вели дека неговиот клиент е невин и дека ова испрашување е само дел од редовната процедура на полицијата во вакви случаи.