Лидерот Вардар е пред сериозен испит  на дуелот со Академија Пандев на арената „Тодор Проески“ во Скопје, ова е дуел  двете водечки екипи во ПМФЛ.

Тренерот на екипата од Струмица, Југослав Тренчовски му ја препушта фаворитската улога на Вардар, по 7 одиграни средби тимот од Скопје е на првото место, Академија Пандев втора.

„Не очекува тежок натпревар, традицијата вели дека кога играме со Вардар не поминуваме со поволен резултат. Го следев Вардар изминативе неколку натпревари, играат извонредно, како да не станува збор за домашна екипа, ме потсетуваат и поради формацијата која ја преферираат на некој Аргентински тим. Функционираат беспрекорно и во двете фази на транзиција, но секако ја имаат доведено играта до перфекција и во брзиот притисок на противничка половина како и во постапната организација на нападот. Стручниот штаб на Вардар и играчите заслужуваат огромни честитки и респект за тоа што го прикажуваат во изминатиот период. Ние ќе се обидеме да одиграме мудро и секој резултат освен пораз ќе биде огромен успех за нас. Како и да е очекувам добар натпревар и квалитетен фудбал„ – изјави за дриблинг.мк Тренчовски.

Натпреварите денеска започнуваат од 15 часот.

Двојки:

Вардар – АК. Пандев

Струга ТЛ-Македнија Ѓ.П.

Силекс – Работнички

Ренова – Борец

Вчера:

Шкупи – Шкендија 2-0