Дербито во 8 коло во ПМФЛ се игра во Струмица, Академија Пандев го пречекува Шкупи од 18 часот.

Двете екипи имаат по 14 бода, имаат ист ефект по седум средби, 4 победи, еден нерешен и по два порази. На последните пет пресметки во Струмица, Академија Пандев има само една победа, и тоа во Купот, а во ПМФЛ запишаа три порази и еден нерешен.

Средбата во Струмица ќе ја суди Александар Ставрев, нашиот најдобар судија во моментов.