Македонија Ѓ.П . ја победи Академија Пандев со 1-0, победата е остварена со гол од пенал во 100. минута преку Блажевски.

На средбата во Ѓорче Петров видовме се, гол од пенал, повреда на судија, црвен картон…

Средбата донесе шанси за двете екипи, пречка на Стојковски од Академија Пандев, црвен картон на Костов во 65 минута кој со втора топка реагираше на теренот.

Интересно е тоа што судијата Марјан Марковски се повреди во 58 минута, беше заменет со четвртиот, Благојче Ралевски .

Кога се чинеше дека средбата ќе заврши без победник, а поради повредата на главниот судија, се играше 100. минута, со рака играше еден играч на Академија Пандев, главниот судија покажа на белата точка, Блажевски реализираше за победа.

Македонија Ѓ.П.  има  28 бода, Академија Пандев по денешната средба има 27 на првенствената табела.