Борец и Работнички денеска го отвораат 7 коло во ПМФЛ, средбата во Велес се игра од 15 часот.

Велешани не знаат за пораз на домашен терен оваа сезона, имаат победа и нерешено, Работнички на гости сезонава одигра три натпревари, запиша по една победа, нерешено и пораз.

Изразит фаворит нема, но Борец покажа оваа сезона дека може да игра одлично со секого, во последното коло  го победија Силекс во Кратово.

Главен судија на средбата ќе биде Марјан Гоцевски од Струмица.