Борец го пречекува Вардар, натпревар од 30 коло во ПМФЛ, двете екипи се во грчевите борба за опстанок во лигата, пораз не е опција, тоа ќе значи чекор кон втората лига.

Велешани се во серија на пет порази во низа, Вардар по победата против Беласица во последното коло, има подобра атмосфера, но заедничко за двата клуба е катастрофалната финансиска состојба кој ги стави во позиција да се борат за опстанок.

Академија Пандев ја пречекува Ренова, уште еден дуел во кој опстанокот е главна тема, важи за тимот од Тетово, кој е грчевита борба да го спаси прволигашкиот статус, струмичани исто така се загрозени на табелата, но во подобра позиција, разликата во бодовите е само три меѓу двата клуба кои се на 7 и 10 место.

На останатите средби, Шкупи гостува кај Струга ТЛ, во Ѓорче Петров, Македонија го пречекува тимот на Пелистер, Работнички е домаќин на Шкендија, додека Беласица го пречекува Силекс.

Сите средби започнуваат од 13 часот.