Борец го пречекува Вардар во еден од најитересните мечеви во ПМФЛ денеска, второ коло во кое двете екипи влегуваат со порази од првата рунда.

Точно по 18. години Борец се врати во Првата лига, првиот меч во Велес го игра  против најтрофејниот и најпознатиот македонски спортски бренд Вардар.

ФК Борец на фејсбук ги повика сите од градот да дојдат  на денешниот меч и да му дадат поддршка на клубот, влезот е слободен.

„Драги сограѓани велешани,ве покануваме на овој фудбалски натпревар во најголем број, клубот нема да наплаќа билети (влезот е слободен), се со цел за полни трибини и фудбалски спектакл“.

 

Борец  ќе биде и засилен,бидејќи во екипата се приклучуваат и странците Никола Прлечец и Ѓорѓе Ивљанин кои добија сертификати и имаат право на настап.

 

Дербито се игра од 17 часот на ”Зоран Паунов-Паун”.