Со натпреварот меѓу Борец и Работнички во Велес, започнуваат натпреварите од 7. коло во ПМФЛ, ова е дуел на две екипи кои се на последните две позиции во првенството.

Борец нема пораз пред своите навивачи цели две години во низа, по враќањето во прволигашката конкуренција запиша победа над фаворитот Шкендија и одигра нерешено со најтрофејниот клуб Вардар.

Работнички гостува во Велес по победата на Македонија Ѓ.П. во средата со минимални 1-0, сака да врзе втор натпревар на кој ќе освои бодови.

Средбата во Велес на стадионот „Зоран Паунов- Паун“ ќе започне од 15 часот.

Утре се играат средбите:

Вардар – Силекс

Македонија Ѓ.П. – Ренова

АК. Пандев – Шкупи

Шкендија – Струга ТЛ.