Работнички доживеа нов пораз, откако во дербито на екипите од долниот дел на табелата загубија со 1-0 на гостувањето кај Силекс во 8 рунда од Првата лига на Македонија. Ова беше меч кој имаше двојно значење за кратовчани кои беа во низа на 4 порази во последните 5 натпревари. Херој за домаќините беше српскиот интернационалец Милош Жеравица.

Ренова во последните моменти од мечот стигна до 3 значајни бода против Борец, откако во 83 минута гостите успеаа да го израмнат резултатот. Искусните „гипсари“ преку Селмани во 16 минута дојдоја во водство, но гостите од Велес преку Христов израмнија. Херој за Ренова беше Гафури кој го постигна победоносниот гол во 88 минута.

Единствената гостинска победа ја оствари Македонија Ѓорче Петров кои беа подобри од Струга Дрим со 2-0. Автор на двата погодоци беше Боби Божиновски.

Резултати 8 коло ПМФЛ:

Денес: 

Струга ТЛ – Македонија ЃП 0:2

Силекс – Работнички 1:0

Ренова – Борец 2:1

Вардар – Академија Пандев 1:0 

Вчера:

Шкупи – Шкендија 2:0