Финалистите од Купот на Македонија минатата сезона в недела (17-00 час.) се среќваат во второто коло на ПМФЛ, Македонија Ѓ.П.  ја пречекува Академија Пандев на стадионот „Петар Милошевски“ на комплексот терени на ФФМ.

Академија Пандев ја победи Шкендија во првото коло во Струмица, сака бодови и во недела во Скопје. Тренерот Југослав Тренчовски очекува тежок меч.

„ Не очекува тежок натпревар кој ќе го одлучат моменти. Македонија Ѓ.П. создаде одличен тим и тие кандидати за висок пласман сезонава. Го задржаа костурот на тимот, се засилија со Јашаровски, Личина, Блажевски и Адем, тука е и искусниот Божиновски и имаат тим кој е спој на искуство и младост. Ние имаме проблем со Миловановиќ, Костов, Темелков, неизвесни се Дориев и Танушев, но што е тука е, ќе се обидеме да стигенеме до поволен резултат кој би не насочил кон успешен старт на првенството “ изјави за дриблинг Тренчовски.

 

Изразит фаворит на оваа средба нема, Александар Таневски има млад тим „лавовите“ се гладни за нови бодови .

„Очекувам интересен меч како и сите наши досегашни. Го почитуваме противникот, се работи за доста квалитетен тим кој ја победи Шкендија. Мал хендикеп за нас е што не настапуваме на нашиот стадион, пред нашата публика, но ке дадеме се од себе за поволен резултат. Влегуваме позитивно по победата над Вардар, се надевам дека ќе играме уште на поголемо ниво и дека ке освојуваме бодови “ – изјави Таневски за дриблинг.

 

Средбата, Македонија Ѓ.П. – Ак. Пандев се игра в недела од 17 часот.