Борец и Вардар денеска во Велес го играат првиот натпревар од 20 коло во ПМФЛ.

Екипата од Велес се бори за опстанок, во мометнтов е на 8 место, Вардар е лидер по 19 одиграни натпревари.

Според најавите, стадионот во Велес ќе биде исполнет до последно место. Борец на домашен терен нема пораз сезонава.

Вардар на гости е најуспешен тим сезонава, има само еден пораз. Главен судија на средбата е Александар Ставрев.

Средбата во Велес меѓу Борец и Вардар, започнува од 14 часот.