Денес се играат натпреварите од 8 коло во ПМФЛ, дербито е во Струмица меѓу Академија Пандев и Шкупи, додека во Скопје Работнички го пречекува Пелистер.

Со оваа средба во Скопје, Работнички Пелистер, започнуваат и преносите на државната МТВ, средбата се игра од 15 часот.

Дуелот во Струмица, започнува од 18 часот, Академија Пандев и Шкупи ќе играат во вечерен термин, главен судија ќе биде Александар Стварев.

Двете екипи имаат по 14 бода, имаат ист ефект по седум средби, 4 победи, еден нерешен и по два порази. На последните пет пресметки во Струмица, Академија Пандев има само една победа, и тоа во Купот, а во ПМФЛ запишаа три порази и еден нерешен.

Иако Академија Пандев најави дека преноси од мечевите на домашен терен сезонава ќе емитува Спортклуб, од дербито на денот, директен пренос на ТВ ќе нема.

Двојки – 8 коло:

Работнички – Пелистер 15:00ч.

Борец- Скопје 15:00ч.

Ренова – Брегалница 15-00ч.

Струга – Шкендија 15-00ч.

Тиквеш – Македонија ЃП. 15-00ч.

Академија Пандев – Шкупи 18-00ч.