ПМФЛ  се враќа на програмата, денеска се играат четири средби од првото коло, шмапионот Шкендија гостува кај Куп освојувачот Академија Пандев во Струмица на „Младост“ стадионот.

Ова е дерби во првото коло на ПМФЛ, за главен судија е одреден Димитар Мечкаровски, негови помошници се Неделковски и Петрески.

Двојки и главни судии во 1. коло:

  • АК. Пандев – Шкендија  (Димитар Мечкаровски)
  • Струга Трим Лум – Работнички (Александар Грујоски)
  • Шкупи – Борец 1919 (Марјан Гоцевски)
  • Ренова – Силекс (Крунослав Ѓорѓиев)

Утре:

  • Вардар – Македонија  Ѓ.П. (Јован Качевски)

Сите натпревари се играат од 17-30 часот.