Денеска со почеток од 13 часот во Струмица, Академија Пандев ја пречекува Шкендија, изразит фаворит нема, екипата од Тетово на хартија ја има фаворитската улога.

Ова е дерби средба од 19 коло во ПМФЛ.

Академија Пандев сезонава има два од два против актуелниот шампион Шкендија, на последната средба во Струмица запиша победа со 1-0, идентично беше и во Тетово.

Шкендија нема право на грешка во трката за титулата по победата на Вардар против Македонија Ѓ.П. со 3-1.

Средбата во Струмица на стадионот „Младост“ се игра од 13 часот, останатите од денешната програма започнуваат во 14 часот.

Шкупи – Борец

Ренова -Силекс

Струга ТЛ – Работнички