ФФМ ги одреди судиите за 9. коло во ПМФЛ, средбите се играат во петок и сабота, дербито меѓу шампионот Шкендија и актуелниот лидер Вардар ќе го суди Димитар Мечкаровски.

Нова пресметка на големите ривали, Вардар е непоразен, Шкендија игра топло-ладно, дербито се игра во Тетово, в сабота од 15 часот, Мечкаровски на центарот.

Инаку ова  9. коло започнува со средбата в петок, Работнички- Ренова, главен судија е Марјан Стојановски.

Натпреварот, Академија Пандев- Силекс ќе го суди Игор Стојчевски, во Ѓорче Петров, Македнија го пречекува тимот на Шкупи, главен судија е Крумислав Ѓорѓиев од Штип.

Во Велес се среќаваат Борец и Струга ТЛ, натпреварот ќе го суди Марјан Гоцевски.

Сите натпревари се играат од 15 часот.