Фаворитите немаа проблеми во 11. коло во ПМФЛ, Вардар, Академија Пандев, Шкендија  и Шкупи запишаа победи, убедлива Шкендија против Силекс.

Вардар запиша победа против Борец со 2-0 со головите на Аврамовски и Адем, Шкендија победи со головите на Фелипе, Ибраими и автоголот на Благојевиќ против Силекс.

Работнички поразен од Шкупи на „Чаир“ со 2-0, головите се дело на Исени и Сержињо.

Академија Пандев триумфираше над Македонија Ѓ.П.  со 4-0, головите ги постигнаа Дориев, Стоилов,Рајковиќ и Томовски.

Шкупи – Работнички 2-0

Вардар – Борец 2-0

Академија Пандев- Македонија Ѓ.П. 4-0

Струга – Ренова 1-0

Шкендија – Силекс 3-0

Табела:

Академија Пандев 24, Вардар 24, Шкупи 16, Македонија ЃП 16, Шкендија 14, Струга ТЛ 14, Ренова 13, Силекс 12, Борец 11, Работнички 10.