Јован Качевски од Струга е одреден за главен судија на средбата меѓу лидерот Вардар и Академија Пандев во Скопје.

Ова е дерби  во 8. коло меѓу водечките два тима во ПМФЛ, на средбата на „Чаир“ каде Шкупи со Ќатип Османи на клупата го пречекува тимот на Шкендија, главен судија е Марјан Гоцевски од Струмица.

Охриѓанецот Марјан Ецкоски ќе биде главен судија на средбата меѓу Силекс и Работнички. Во Тетово се среќаваат Ренова и Борец со Димитар Мечкаровски на центарот.

Александар Грујоски од Кичево ќе биде главен судија на средбата меѓу Струга ТЛ и Македонија Ѓ.П.

Сите средби се играат в недела освен натпреварот меѓу Шкупи и Шкендија кој се игра в сабота, терминот е 15 часот.