Новата сезона од Првата македонска фудбалска лига ќе се пренесува на Спорт Клуб или Арена Спорт, откако двете регионални телевизии доставија понуди за откуп на ТВ правата а прволигашите се сложија да ги отстапат преку дописи до ФФМ.

Ова ќе биде прв пат во историјата на македонскиот фудбал да бидат откупени телевизиски права од специјализиран спортски канал на регионално ниво,  како што соопшти  ФФМ, сите финансиски средства ќе им бидат доделени на клубовите.

Аренаспорт и Спорклуб имаат понуди  од околу 200.000 евра .Телевизиските права ќе бидат откупени за наредните три сезони, а македонскиот фудбал ќе биде телевизиски следен во сите држави од поранешна Југославија.

Клубовите од ПМФЛ дале зелено светло за понудите, во најкраток можен рок ФФМ ќе реши на која од двете ТВ станици од регионот ќе им ги додели правата.

Македонските телевизии не покажаа интерес да го пренесуваат домашното првенство, ФФМ бара  и генерален спонзор кој дополнително ќе им помогне на прволигашите.

Прашање е дали ПМФЛ ќе се емитува со коментар на македонски јазик или ќе продлжи трендот спортските настани да ги следиме на странски јазик, со тоа  и мечевите од прволигашката конкуренција.