Македонија ЃП стигна до шесстата победа во последните седум прволигашки кола, откако попладнево триумфираше во Кратово над Силекс со 3-0 во последниот натпревар од 11 коло во ПМФЛ.

Головите на одлука паднаа во вториот дел, откако првите 45 минути завршија 0-0.

Прволигашот од Ѓорче Петров дојде во водство во 53 минута преку Фернандињо од слободен удар по несмасна интервенција на репрезентативниот голман Даниел Божиновски. Гостите го зголемија водство преку Филиповски во 75 минута, а конечните 3-0 ги постави Калид во самиот финиш од натпреварот.

Со овој триумф Македонија ЃП остана на третата позиција на табелата со само три бода помалку зад лидерот Шкендија и еден бод минус зад вториот Шкупи.