Денеска се играат 5 средби од 7 коло во ПМФЛ, во Битола екипата на пелистер ја пречекува Шкендија, тетовчани се лидери на табелата и единствен непоразен тим.

Пелистер има две победи во низа, една во првенството и една во Купот на Македнија, Шкендија по мечот со Тотенхем се враќа на обврските во ПМФЛ, важи за фаворит во Битола.

Шкупи гостува кај Струга, во Скопје, Вардар ја пречекува Беласица на теренот на ФФМ, Академија Пандев е домаќин на Силекс, во Тетово, Ренова ја преекува Македонија ЃП.

Сите средби се играат од 15 часот без присуство на публика.