Денес се играат пет натпревари од 16 коло во ПМФЛ, два меча низ директен пренос, ќе можеме да ги гледаме во живо Скопје-Шкупи и Академија Пандев – Брегалница.

Дуелите на двете водечки екипи, Шкупи е лидер со 35 бода пред Академија Пандев која е втора со четири бода помалку зад водечкиот тим од Чаир.

Натпреварот Скопје – Шкупи со пренос на МРТ, додека дуелот од Струмица со пренос на регионалниот спортски канал Спортклуб, и двата меча започнуваат од 13 часот.

На останатите денешни средби се среќаваат, Шкендија -Пелистер, Борец -Македонија ЃП и Струга -Тиквеш.