Во моментов се игра 32.коло од ПМФЛ.

Дербито на колото се игра во Ѓорче Петров каде се сретна екипите на Македонија Ѓ.П и новиот шампион Шкендија.

Резултатот по првиот дел е 2-2.

Екипата на Шкендија поведе доста лесно и со двата погодоци на Бесарт Ибраими во 3. и 15 минута обезбеди водство од 2-0.

Домаќините не се предадоа и со пожртвувана игра , со погодоците на Фазли во 33.минута и Да Силва во 37.минута успеаа да израмнат на 2-2 и да заминат на заслужен одмор.

Во дербито на Струмица, А. Пандев со 2:0 води против Беласица. Паноски и Крстовски беа стрелците, но Беласица преку Демир и Калпачки имаше шанси за подобар скор по првите 45.минути на овој меч.

Во останатите дуели на полувреме:

Борец 1-0 Ренова

Работнички 1-1 Силекс

Шкупи 0-0 Пелистер

Струга 0-0 Вардар