Последно коло во ПМФЛ, нејасни се две работи, кој ќе игра во Европа лигата, има уште едно место преку третата позиција, и кој ќе игра бараж за опстанок, Вардар и Беласица испаднаа.

Фокусот во последното коло е насочен на дуелите меѓу Силекс и Струга ТЛ, и Вардар – Македонија Ѓорче Петров, натпревари кои директно решаваат кој оди во бараж, кој во Европа.

Доколку Струга победи во Кратово против Силекс ќе обезбеди Европа лига, но кратовчани ризикуваат да играат бараж за опстанок.

Македонија ЖП со победа против Вардар и пораз на Струга ТЛ оди во Европа лигата-квалификации. Има и други математики во последното коло, во кое ако двете екипи на крајот да имаат ист број на бодови, предност има Македонија ЃП поради подобар меѓусебниот скор и повеќето постигнати голови,

Под притисок за опстанок е и Академија Пандев, струмичани го пречекуваат Борец, со бод обезбедуваат опстанок, со пораз може да ги одведе во меч кој ќе значи спасување на прволигашкиот живот.

Пресметките велат дека, доколку Академија Пандев загуби од Борец кој веќе има обезбедено опстанок, може да се најдат во ситуација да играат бараж за опстанок ако Силекс ја победи Струга.

Ренова го пречекува Работнички кој ќе игра за престиж, но не и тимот од Тетово, тие се надеваат дека со победа против тимот од Скопје и пораз на Академија Пандев од Борец, а Силекс не ја победи Струга ТЛ имаат добитна комбинација.

Сите натпревари во ПМФЛ се играат во ист термин – стартуваат в недела од 16.00 часот.

Двојки:

Академија Пандев-Борец

Силекс – Струга ТЛ

Вардар – Македонија ЃП

Шкендија – Шкупи

Ренова – Работнички

Пелистер – Беласица