Фудбалерите на Силекс продолжија онаму каде што застанаа во 2019 година. Кратовци славеа на гостувањето кај Ренова со 1:0 со голот на Мустафов во 44 минута и со ова ја продолжија низата без пораз во ПМФЛ.

Шкупи со головите на Барјами и на Исени славеа против Борец со 2:0  и со победа ја започнаа 2020 година.

Реновираниот Работнички благодарение на Тошевски и неговиот гол во 34 минута ја победи Струга Трим Лум на гостински терен со 1:0 и со ова за ја започна трката за опстанок во елитата.

Предходно Шкендија славеше на гостувањето кај Академија Пандев со 2:1, вчера Вардар ја победи Македонија ЃП со 3:1 во воведниот натпревар од 19 коло во ПМФЛ.