Вториот дел од сезоната во ПМФЛ продолжува денеска со средбата Вардар -Македонија Ѓ.П.

Лидерот Вардар со многу финасиски проблеми и голема неизвесност го започнува вориот дел од сезоната, гостува Македонија од Ѓорче Петров.

Двете екипи во подгтовките не запишаа ниту една победа, Вардар немаше право да купува играчи во зимскиот преоден рок, Македонија Ѓ.П. се засили со Мартин Ковачев, Филип Петров, Давид Атанаскоски и Томе Китановски.

На последноте две средби кога Вардар беше домаќин, екипите имаат по една победа.

Вардар – Македонија ЃП 0-2   (11.08.2019)

Вардар – Македонија ЃП 3-1  (03.03.2019)

Средбата денеска меѓу Вардар и Македонија се игра од 14 часот на арената „Тодор Проески“.