Вардар загуби од Работнички со убедлив резултат 3-1 два гола прими во првиот дел, еден во вториот за убедлив пораз  во скопското дерби.

Црвено-црните се сега поблиску до Втора лига отколку до опстанок, головите за Работнички се дело на Горан Силјановски, Ѓурѓевиќ и Јевтовски, за Вардар погоди Петејчук.

Струга ТЛ ја изненади Шкендија во Тетово со 2-0, Пелистер со пресврт го победи тимот на Академија Пандев 3-1, иако играше и со играч помалку, на дербито во Скопје меѓу Шкупи и Македонија ЃП без голови.

Ренова освои големи три бода во дуелот со Беласица 3-1 во борбата за опстанок.

Вардар – Работнички 1-3

Шкендија – Струга ТЛ 0-2

Ренова-Беласица 3-1

Шкупи-Македонија ЃП 0-0

Силекс-Борец 1-1

Пелистер-Академија Пандев 1-1