Со натпреварот меѓу Работнички и Силекс на арената „Тодор Проески“ во Скопје, стартуваат натпреварите од  20 коло во ПМФЛ.

Работнички по победата против Академија Пандев на гости, сега сака втора во низа против Силекс, екипата од Кратово загуби од Шкендија со 1-0 во Тетово минатото коло.

Ова е дуел во кој нема изразит фаворит, Работнички е на 5. место, додека Силекс е на 8 место, разликата во корист на тимот на Скопје е 5 бода.

На домашен терен, Работнички е убедлив, има само еден пораз, од Македонија ЃП во ноември минатата година, Силекс на гости има три победи и четири порази.

Дуелот меѓу Работнички и Силекс започнува од 14 часот, останатите средби се играат во недела:

Шкендија – Вардар

Беласица – Струга ТЛ

Македонија ЃП – Борец

Пелистер -Ренова

Шкупи – Академија Пандев