Работнички го пречекува Вардар во дербито на 12. коло во ПМФЛ, се очекува натпревар со голови барем според статистиката.

Послед пат овие две екипи одиграле натпревар без голови на 30. ноември 2014 година, тогаш Вардар беше домаќин на натпреварот.

Статистиката вели дека на последните 10 натпревари просекот е нешто над два гола по натпревар, сите овие средби се во рамки на ПМФЛ.

Работнички е последен на табелата, Вардар на делба на првото место во пресрет на денешното дерби.