Денес се играат средбите од 8 коло во ПМФЛ, дербито е во Струмица меѓу Академија Пандев и Шкупи, додека во Скопје Работнички го пречекува Пелистер.

Со оваа средба во Скопје, Работнички Пелистер, започнуваат и преносите на државната МТВ, средбата се игра од 15 часот.

Дуелот во Струмица, започнува од 18 часот, Академија Пандев и Шкупи ќе играат во вечерен термин, главен судија ќе биде Александар Стварев.

Двојки – 8 коло:

Работнички – Пелистер 15:00ч. (пренос на МТВ)

Борец- Скопје 15:00ч.

Ренова – Брегалница 15-00ч.

Струга – Шкендија 15-00ч.

Тиквеш – Македонија ЃП. 15-00ч.

Академија Пандев – Шкупи 18-00ч.