Шкендија ја пречекува екипата на Борец во Тетово, со победа лидерот во ПМФЛ ќе биде недостижен за конкурентите во трката за титулата.

Тетовчани со победа против Борец ќе ја освојат титулата во ПМФЛ по 2019 година, кога последен пат беа прваци на Македонија.

Шкендија има голема предност од 13 бода од Шкупи, во тековната сезоната има уште четири кола, плус ова денешното, опција е да бидат шампиони и без победа против Борец, но Шкупи мора да загуби од Работнички.