Со натпреварот во Тетово меѓу Шкендија и Академија Пандев започнуваат натпреварите од 10. коло во ПМФЛ.

Актуелниот шампион, Шкендија е на шестото место со 11. бодови, Академија пАндев е на втората со 18 бода.

На досегашните пресметки во Тетово, ги имаше четири, Шкендија има три победи додека Академија Пандев  една, никогаш не одиграле нерешено.

Во првото коло Академија Пандев победи со 1-0 против Шкендија во Струмица. Натпреварот во Тетово започнува од 14-30 часот, ќе го суди Марјан Марковски, останатите средби се играат во сабота.

Шкендија – Академија Пандев
Градски стадион Тетово
Судии: Марјан Марковски, ЕбрарТаравари, Разме Бакрачески.

САБОТА:

Силекс – Ренова
Стадион Силекс, Кратово
Судии: Васко Мавров, Ѓорѓи Станковски, Кире Ангеловски

Борец – Шкупи
Градски стадион Велес
Судии: Јован Качевски, Симон Грданоски, Ацо Мацевски

Македонија ЃП – Вардар
Стадион Ѓорче Петров, Скопје
Судии: Александар Ставрев, Марјан Кировски, Дејан Костадинов

Работнички – Струга Трим Лум
Арена Тодор Проески, Скопје
Судии: Јосип Бартон, Иса Мурли, Дарко Јовчевски