Шкендија и Македонија Ѓ.П  одиграа нерешено во третото коло на ПМФЛ, шампионот  и натаму без победа сезонава, виси Ќатип Османи кој е пред отказ.

Во Тетово, Македонија Ѓ.П. поведе со голот на Едуардо во 38 минута, израмни Бејтулаи три минути подоцна.Во вториот дел немаше голови на овој меч.

Шкупи и Ренова одиграа супер интересен меч на жешкото сонце на „Чаир“, победник немаше, резултатот 2-2, Јурина му донесе бод на домашниот тим со гол во судиското продожение, тој го постигна  и водечкиот погодок за домашниот тим.

За екипата на Ренова која стигна до пресврт  но не успеа да совои три бода, двата гола се дело на Селмани во 44 и 82 минута.

Струга трим Лум е хит засега во шампионатот, ја запиша втората победа, сега над Силекс со 2-1.

Резултати, 3 коло: 

Шкендија  – Македонија Ѓ.П.  1-1

АК. Пандев – Борец  2-0

Струга Трим Лум  – Силекс  2-1

Шкупи – Ренова 2-2

Вчера:

Вардар – Работнички 2-0

Табела:

1. АК. Пандев 7

2. Ренова 7

3. Струга 6

4. Македонија Ѓ.П. 5

5. Шкупи 4

6. Вардар 4

7. Работнички 3

8. Силекс 3

9. Шкендија 1

10. Борец 1