Екипата на Македонија Ѓ.П. ја пречекува Академија Пандев во 20 коло во ПМФЛ. Ова е еден од најинтересните дуели од денешната програма, неизвесно се очекува да биде во Кратово каде Силекс ја пречекува Шкендија.

Силекс е домаќин на шампионот Шкендија денеска од 14 часот. Кратовчани дома имаат само еден пораз сезонава, Шкендија на гости на 10. натпревари победила само 3 пати.

Македононија Ѓ.П. го пречекува тимот на Академија Пандев, од 13 часот, 0разликата во бодови на табелата е еден во корист на тимот од Струмица.

Во Скопје се игра интересен дуел меѓу Работнички и Шкупи, средбата се игра на арената „Тодор Проески“ каде е дозволено гостување на „Шверцерите“, навивачката група на тимот од Чаир.

Ренова во Тетово е домаќин на Струга ТЛ, сите средби се играат од 14 часот.