Во ПМФЛ се играат средбите од 12 коло, шампионот Шкендија во Тетово го дочекува Тиквеш, навидум лесна задача за тетовчани кои играат променливо, а тимот од Кавадарци порача дека на ова гостување има план да освои барем бод.

На останатите три натпревари, Пелистер е домаќин на Македонија ЃП, Скопје на Ренова а Работнички гостува кај Борец во Велес.

Борец и Работнички се без победа на три средби во низа, бараат шанса за излез од резултатската криза и се очекува неизвесен дуел.

Академија Пандев гостува кај Струга, вчера Шкупи ја декласираше Брегалница со 5:0.

Двојки, 12 коло:

Шкендија – Тиквеш

Борец – Работнички

Скопје – Ренова

Пелистер – Македонија ЃП

Струга – Академија Пандев