Шампионот Шкендија со пораз ги започна натпреварите  во ПМФЛ, загуби од  Академија Пандев во Струмица со 1-0, решавачки беше голот на Сашко Пандев во 55 минута.

Шкендија  ја продлабочи резултатска криза откако разочара  и во квалификациите за Лигата на шампионите и Европа лигата.

Струга Трим Лум со победа го започна дебитантскиот настап во ПМФЛ, запиша победа над Работнички со пресврт, резултатот 2-1. Головите за домашните ги постигнаа Мустафов и Лена , за Работнички погоди Јаго Да Силва кога „романтичарите“ поведоа на мечот.

Шкупи со два гола го скрши отпорот на новајлијата Борец, за победа и стартни три бода, прв  погоди Јурина во 70 минута, Гудијаби во 87 минута ги постави конечните 2-0.

Ренова го совлада Силекс со 1-0, решавачки беше голот на Велија по 38 минути игра.

Резултати:

АК. Пандев – Шкендија 1-0

Струга Трим Лум – Работнички 2-1

Шкупи – Борец   2-0

Ренова – Силекс  1-0

Утре:

Вардар – Македонија  Ѓ.П. (17-30часот)