Актуелниот првак на Македонија, екипата на Шкендија денеска ја пречекува Македонија ЃП во натпревар од 21 коло во ПМФЛ.

Составот од Тетово посакува прекин на традицијата, односно прва победа над составот од Ѓорче Петров по пауза од два натпревари. Последните две соочувања на овие два тима завршија без победник.

Академија Пандев во Струмица е домаќин на Борец. Освојувачот на Купот игра во катастрофална форма и е во очекување на првиот тримф во 2020 година.

На третиот натревар закажан за денеска, Шкупи е домаќин на Ренова.

Вчера, Вардар и Работнички односно Струга и Силекс одиграа без голови 0:0.