Водечките два тима во домашното фудбалско првенство Шкендија и Македонија ЃП денеска во Тетово ќе играат во дербито на 14 коло од ПМФЛ.

Откако во минатото коло лидерот ремизираше кај Струга 1:1 а Македонија ЃП одигра без голови во Скопје против Шкупи, денешниот натпревар може да се покаже како клучен во трката за т.н. есенска титула во ПМФЛ.

Вардар има шанси да дојде до третата победа во низа во домашниот шампионат како денеска слави кај Силекс.