Шкендија славеше убедливо попладнево на дербито против Вардар во 9 коло во ПМФЛ, откако со 5-1 го порази актуелниот првак на арената „Тодор Проески“.

Вардар добро го отвори натпреварот и поведе уште во 11 минута преку Попзлатанов, но радоста траеше кратко, откако актуелниот лидер на табелата израмни по само четири минути преку Рамадани.

Шкендија дојде до целосен пресврт во 40 минута преку Ахмеди, а со три гола во вториот дел, преку Ибраими, Тотре и повторно Ахмеди стави печат на убедливиот триумф.

В недела на програмата се преостанатите натпревари од 9 коло во ПМФЛ:

Академија Пандев – Шкупи,

Борец – Македонија ЃП,

Ренова – Пелистер,

Силекс – Работнички

Струга Трим – Беласица.

Фото. ФК Шкендија