Денеска се играат четири средби од  ПМФЛ, четврто коло во домашниот шампионат, интересно се очекува да биде во Велес  и Скопје.

Борец го пречекува шампионот Шкендија, тимот од Тетово по три кола сеуште е без победа, запиша два порази и еден нерешен меч, ефикасноста е очајна, само еден гол за актуелниот шампион.

Борец кој се врати во ПМФЛ, има ист резултатски ефект и е без постигнат гол по три средби.

Во Скопје, Работнички го пречекува тимот на Академија Пандев, лидерот на табелата од Струмица сака нов натопревар без пораз.

Работнички нема одиграно нерешено на првите три средби, Академија Пандев нема пораз во новата сезона.

Двојки 4. коло:

Работнички – АК. Пандев

Борец 1919 – Шкендија

Силекс – Македонија Ѓ.П.

Струга ТЛ – Шкупи

Утре:

Ренова – Вардар

Сите средби започнуват од 16-30 часот.