Натпреварите од 12 коло во ПМФЛ ќе се играат викендов, поточно сите во сабота освен еден, поради пренос на ТВ, Шкупи и Брегалница ќе се сретнат во петок од 14 часот.

Државната МТВ и регионалниот канал Аренаспорт ќе емитуваат пренос од овој натпревар, другите средби се играат во сабота поради вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат во недела.